Сити го купува Натан Аке

Англискиот првак Манчестер Сити сака да го реновира одбранбениот бедем. По заминувањето на Венсан Компани, менаџерот Пеп Гвардиола ја разгледува опцијата за нов дефанзивец. Тој сака да го купи Натан Аке, стоперот на Борнмут. Тој во 2017 година пристигна во тимот на Еди Хау за 20 милиони фунти од Челси, каде претходно беше пет сезони.

Манчестер Сити е подготвен да плати 40 милиони фунти за да го доведе Натан Аке на „Етихад“. За него интерес покажува и Тотенхем.

Се вчитува...