Сити и Челси се вклучија во трката за Алаба

По последниот неуспешен состанок со раководството на Баерн Минхен сосема е јасно дека Давид Алаба заминува од редовите на германскиот шампион. Се разбира, доколку дојде и вистинска понуда до клубот.

Веќе неколку европски гиганти покажаа интерес за Алаба, меѓу кои Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ и Интер, а сега на листата се дополнуваат и Челси и Манчестер сити.

Како што пренесува „Дејли телеграф“, Челси и Сити веќе ги воспоставиле првичните контакти со раководството на Баерн кое би го ослободило фудбалерот и под цена само за да заработи на него ова лето.

Се вчитува...