Сити и Јунајтед без најголемите ѕвезди во градското дерби: Ќе ги нема Агуеро, Силва, Погба и Ибра?

Ривалите од Манчестер в четврток на „Етихад“ ќе го играат градското дерби од Премиер – лигата, во трката за пласман во ЛШ, а и двата тима најверојатно ќе бидат без своите најголеми ѕвезди. Манчестер сити остана без Серхио Агуеро и Давид Силва на денешниот меч од полуфиналето на ФА Купот на Англија против Арсенал. Шпанецот беше повлечен од игра поради повреда уште во 23.минута, а Агуеро се повреди подоцна и ја напушти играта во периодот од првото продолжение. И двајцата се максимално неизвесни за дуелот што ќе се игра в четврток.

Но, и Жозе Мурињо го има истите главоболки, можеби и уште поголеми од Пеп Гвардиола. Златан Ибрахимовиќ е во „аут“ до крајот на сезоната, исто како и Маркос Рохо и на Хуан Мата, а на денешниот првенствен дуел со Барнли повреда заработи и Пол Погба. И неговиот настап за дербито в четврток е апсолутно неизвесен.

Се вчитува...