Сити има шампионски манири: Почесен „шпалир“ за Ливерпул на „Итихад“

Манчестер Сити на најдобар начин ќе му ја предаде титулата на Ливерпул на „Итихад“ в четврток, во меѓусебната пресметка од Премиер – лигата. „Црвените“ по пауза од 30 години успеаја да стигнат до посакуваниот пехар, а менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола вели дека Сити ќе ги покаже шампионските манири и ќе подготви „шпалир“ за составот на Јирген Клоп.

„Ќе направиме шампионски „шпалир“ за фудбалерите на Ливерпул. Ќе ги пречекаме како шампиони затоа што тие го заслужија“, изјави Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити денеска му гостува на Њукасл во четвртфиналето на ФА купот на Англија.

Се вчитува...