Сити му нанесе катастрофа на Лидс со седум гола, Астон Вила победи кај Норич (ВИДЕО)

Манчестер Сити му приреди вистинска катастрофа на тимот на Лидс, победувајќи го со убедливи 7-0. Четата на Пеп Гваридола немаше милост кон онаа на Марсело Биелса, и не знаеше за доста. Победата беше обезбедена уште во првиот дел кога Сити имаше 3-0. Фоден во 8. минута донесе 1-0, потоа Грилиш во 13. минута за 2-0, па Де Брајне за 3-0 во 32. минута.

Во вториот дел Марез во 49 минута зголеми на 4-0, па Де Брајне повторно беше стрелец во 62. минута, продолжи Стоунс во 74. минута, а печат на победата стави Аке со погодок во 78. минута од средбата.

За разлика од Сити, Астон Вила добро се намачи за да дојде до победата над Норич. Избраниците на Стивен Џерард го отворија резултатот во 34. минута преку Ремзи, но дури во финишот во 87. минута ставија печат на победата од 0-2.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...