Сити пак е прв, Сон испиша историја на новиот стадион на Тотенхем

Манчестер Сити се врати на првото место на премиерлигашката табела откако „граѓаните“ вечерва рутински славеа со 2-0 на домашен терен над Кардиф. Де Бруине и Сане постигнаа голови во првото полувреме, а предноста можеше да биде и многу поубедлива, но избраниците на Гвардиола промашија уште неколку стопроцентни шанси во вторите 45 минути.

Тотенхем славеше со 2-0 над Кристал Палас, а името на Хеунг-Мин Сон ќе остане запишано во историјата на „спарси“ како стрелец на првиот гол на новиот стадион на лондонскиот клуб. „Спарси“ долго се мачеа да го скршат отпорот на градскиот ривал пред Сон со луциден удар со левата нога да го измами гостинскиот голман. Конечните 2-0 ги постави Ериксен по една убава соло-акција на Кејн.

Челси лесно триумфираше над Брајтон со 3-0, со погодоците што ги постигнаа Жиру, Азар и Лофтус-Чик.

Се вчитува...