Сити поведе против Баерн со проектил на Родри (ВИДЕО)

Манчестер Сити има водство над Баерн Минхен на „Етихад“ со прекрасниот гол на Родри во 28. минута. Шпанецот од 22-23 метри со одличен удар ја смести топката во горниот лев агол.

Претходно шанса имаше Халанд кој шутираше право во Зомер, а на другата страна Мусиала шутираше само во блокот на Диас.

Сега се очекува уште поинтересен натпревар, односно Баерн треба да се отвори за да ја анулира негативата.

Се вчитува...