Сити пукна „петарда“ во Брајтон

Манчестер Сити прокнижи нови бодови на премиерлигашката табела, овојпат со убедлив триумф од 0-5 на гостувањето против Брајтон. Откако на последното гостување неочекувано загубија од Саутемптон, избраниците на Пеп Гвардиола влегоа максимално фокусирани во вечерашниот дуел, доминираа во текот на сите 90 минути и заслужено стигнаа до преубедлива победа.

Серијата голови ја отвори Рахим Стерлинг, а пред крајот на полувремето на 0-2 зголеми Габриел Хесус, кој од непосредна близина ја затресе мрежата на домаќините. Стерлинг со својот втор гол зголеми на 0-3, потоа следеше гол на Бернардо Силва, пред Стерлинг да го комплетира својот хет-трик на оваа средба.

Погледите на „граѓаните“ сега ќе се насочат кон Швајцарија, од каде в понеделник ќе биде обелоденета одлуката на ЦАС по нивната жалба за одлуката на УЕФА за исфрлање на Манчестер Сити од европските купови во наредните две сезони.

Се вчитува...