Манчестер сити го мина Ливерпул на третото место на премиерлигашката табела откако „граѓаните“ попладнево славеа во дуелот со екс-шампионот Лестер со 2-1. Тимот на Пеп Гвардиола делуваше сигурно откако поведе со 2-0 со головите на Давид Силва и на Габриел Жесус (од пенал), но ситуацијата се искомпликува со прекрасниот погодок на Оказаки пред самиот крај на полувремето.
Лестер тргна похрабро во второто полувреме, па „лисиците“ добија и идеална шанса за израмнување кога Марез изведе пенал, но тоа го стори несмасно, топката од едната му удри во другата нога на патот до мрежата, па погодокот беше поништен, а бодовите останаа кај „граѓаните“, кои се на чекор до обезбедување на директен пласман во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА