Заминувањето на Лионел Меси од Барселона изминатото лето беше една од најголемите фудбалски сапуници чии епилог се уште ни претстои. Преселбата на Аргентинецот во редовите на Манчестер Сити е се поизвесно, без оглед на вчерашните информации на „Скај Спортс“ дека вратата за него во Сити е затворена. Вообичаено за „сапуниците“, денешниот ден донесе нов пресврт, откако беше обелоденето дека „граѓаните3 подготвиле неверојатен десетгодишен договор за Меси.
Договорот на еден од најдобрите играчи во светот би бил во должина од 10 години, што значи дека Аргентинецот ќе биде во клубот од Манчестер до својата 43. година. Притоа, по завршување на кариерата тој би имал улога на амбасадор, и тоа во било кој од осумте клубови во сопственост на групацијата „Сити“. Тоа значи дека по завршување на кариерата Меси може да замине во Австралија во Мелбурн Сити или пак Јапонија во составот на Јокохама.
Договорот на Аргентинецот со Барселона истекува следното лето, по кој тој станува слободен играч, но Сити веќе превзема мерки за да го „осигура“ неговото доаѓање на „Етихад“. Како потсетување, претходно договорот со клубот од Манчестер го продолжи и Пеп Гвардиола кој заедно со Меси го предводеше каталонскиот клуб до три титули во Ла Лига, два трофеја во Купот на Шпанија, три титули во Суперкупот на Шпанија, две титули во ЛШ и два трофеја во Суперкупот на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА