Сити со понуда до Меси: Дојди во Манчестер, потоа и во Њујорк

Манчестер Сити ги интензивира контактите со агентот на Лионел Меси, неговиот татко Жорге Меси, нудејќи му на аргентинскиот генијалец да стане дел од „семејството“ на „граѓаните“ до крајот на кариерата.

Тие имаа поготвено договор со Меси и за минатото лето, но Барса не дозволи аргентинскиот генијалец да си замине од „Камп Ноу“. Контактите меѓу Сити и Жорге Меси не само што не се запрени, туку се интензивираат во овој период, а најнов потег на Манчестер е понуда за „двоен трансфер“ на Лео, најпрвин во Манчестер Сити, а потоа и во МЛС-лигата, како член на Њујорк Сити.

Имено, двата клуба се сопственост на истиот конзорциум, кој е подготвен да му понуди тригодишен договор на Меси со Сити, а потоа да му обезбеди висока плата на Аргентинецот и при преселбата во САД. Тој досега изјавуваше дека би сакал да ја заврши кариерата во татковината, како член на Њуел Олд Бојс, па интересно ќе биде да се види дали оваа понуда може да ги смени плановите на Лео, кој би заминал во Њујорк и токму во овој клуб би ги одиграл последните години пред да му каже збогум на фудбалот.

Се вчитува...