Сити спречи сензација на „Етихад“, ПСЖ го доби Дортмунд, Барса на „Монжуик“ е посебна магија (ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион Манчестер сити успеа да спречи сензација на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, откако на домашен терен славеше над Црвена звезда со 3-1.

Иако „граѓаните“ ја имаа иницијативата и имаа голем број шанси, сепак не успеаја да го начнат голот на српскиот шампион во првото полувреме, а казната стигна во судиското надополнување кога Букари го шокираше „Етихад“ за водство на „црвено-белите“ од 0-1. Сепак, работите си дојдоа на своето место во вториот дел кога со головите на Алварез (два пати) и Родри, избраниците на Пеп Гвардиола стигнаа до целосен пресврт и победа од 3-1.

Во дербито на вечерта Пари Сен Жермен славеше над Борусија Дортмунд со 2-0. Мбапе од пенал во 49. минута донесе водство од 1-0 за домаќините, а конечните 2-0 беа дело на Хакими во 58. минута.

Барселона во својот прв меч на „Монжуик“ во Лигата на шампионите го прегази Ројал Антверпен со 5-0. Жоао Феликс во 11. минута донесе водство од 1-0 за домаќините. Во 19. со голот на Левандовски беше 2-0, а со автоголот на Батали во 22. минута Барса поведе со 3-0. Во вториот дел работата само ја завршија Гави во 54. и Жоао Феликс со својот втор гол во 66. минута за конечни 5-0.

Manchester City [3] – 1 FK Crvena Zvezda – Rodri 73‎’‎
byu/MarcoRuss insoccer

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 1. КОЛО: 

Милан – Њукасл 0-0

Јанг Бојс – Лајпциг 1-3

Манчестер С. – Црвена Звезда 3-1

Барселона – Антверпен 5-0

ПСЖ – Борусија Дортмунд 2-0

Лацио – Атлетико М. 1-1

Шахтјор – Порто 1-3

Феенорд – Селтик 2-0

 

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...