Ситуацијата во Реал Мадрид е алармантна

Реал Мадрид во последниот натпревар во Ла лига загуби на домашен терен од Кадиз со 0-1, со што го запиша првиот пораз во новата сезона. Сам по себе поразот не е најголемиот проблем, туку играта која ја прикажаа избраниците на Зинедин Зидан. Одиграа неверојатно лош натпревар особено во фазата на нападот, а годинава во пет натпревари постигнаа вкупно само шест гола.

За неефикасноста и немањето напаѓачка игра најмногу се обвинува тренерот на тимот Зинедин Зидан. Шпанска „Марка“ смета дека овој тим е само бледа сенка од тимот кој три пати по ред ја освојуваше Лигата на шампионите. Крајот на проблемите не е тука бидејќи следната недела ги очекува првото „Ел класико“ сезонава, а позитивна информација за „кралевите“ е таа што и Каталонците не се во најдобра форма на стартот на шампионатот.

 

Се вчитува...