Аргентина ја очекуваат коренити промени во наредниот период, Лео Меси е подготвен за репрезентативна пензија, а огромни се шансите дека „гаучосите“ ќе мора да бараат и нов селектор.
Лионел Скалони беше крајно емотивен на прес-конференцијата по финалето, најавувајќи дека е подготвен да си замине по истекот на договорот во декември годинава.
„Ќе продолжам да бидам селектор до декември, до тогаш ми е договорот. А потоа – најверојатно ќе престанам. Ќе треба да разговарам со претседателот, но имам идеја што би сакал да правам во животот во наредниот период. Не знам што треба да се случи, нешто големо, за јас да го сменам ставот, но секако ќе разговарам со луѓето од федерацијата пред да ја донесам конечната одлука. Благодарен сум им што воопшто ми дадоа шанса да сум овде, да ги водам овие фудбалери, ова е место од соништата. Постигнавме многу, големи работи, но не знам дали можам да продолжам“, истакна Скалони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
