Скандал: Го избрка Ѓоковиќ од Австралија, а сега тој заразен се шетал во јавноста

Премиерот на Австралија, Скот Морисон објави дека е позитивен на коронавирус во вторникот, а по тој повод се појавија многу конторверзности. Морисон пред месец и половина беше еден од главните заговорници за депортација на Новак Ѓоковиќ од Австралија, заедно со министерот за имиграција, Алекс Хок.

Се појавија снимки како Морисон кашла во јавност, па дел од медиумите пренесоа дека тој имал корона и пред да потврди дека е позитивен, а со тоа го загрозил здравјето на сите присутни.

Следуваа реакции на фановите на вториот рекет во светот, бидејќи како што велат токму тоа што Ѓоковиќ не е вакциниран беше главна причина за неговата депортација, бидејќи со тоа може да ги загрози граѓаните на Мелбурн.

 

 

Се вчитува...