Скандал ја тресе Турција: Стотина фудбалски судии се обвинети за обложување

Стотина турски фудбалски судии, вклучувајќи и некои на национално ниво се обложувале Си покрај забраната, изјави претседателот на турската фудбалска федерација, Ибрахим Хациосманоглу.

Инерната истрака открила дека од 571 судија, 371 имаат обложувачки налог, а 152 од нив активно се обложува.

„Одлучни сме во желбата да го исчистиме фудбалот од сите видови корупција“, изјави првиот човек на фудбалската федерација додавајќи дека посебни санкции ќе бидат изречени веднаш.

Десет судии имале повеќе од 10 илјади обложувања, а еден од нив се обложил 18.227 пати.

Идентитетот на судиите не е откриен, а непознато останува и дали некој од нив се обложувал за натпреварите на кои тој судел.

Се вчитува...