СКАНДАЛ: МВР со истрага за три наместени натпревари во Македонија

Инспектори од секторот за криминалистичка полиција во рамки на Министерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со одделот за интегритет и безбедност во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвори истрага за евентуално наместени три натпревари одиграни во пролетниот дел од домашните фудбалски лиги, информира официјалната интернет страница на ФФМ. Според сознанијата на ЕКИПА, се работи за три натпревари кои изминатава пролет се одиграа во Втората лига на Македонија.

До одделот за интегритет во ФФМ преку телефонската линија за пријавување неправилности на фудбалските натпревари 0800-15-800 прифатена е дојава за недозволено влијание и нерегуларности на три натпревари од МФЛ.

„Одделот за интегритет во рамки на ФФМ одлучи случајот да го предаде на полицијата од која ќе бара истрага. Органите и телата при ФФМ ќе спроведат истрага, веќе формираа предмети во насока на утврдување на вистината и регуларноста на исходот на натпреварите кои сега се предмет и на МВР“вели Роберт Марковиќ, раководител на одделот за интегритет и безбедност во ФФМ.

Фудбалската чаршија изминатава пролет веќе и сама исфрли неколку натпревари во „оптек“ кои оставија сериозен сомнеж за „местенка“, поради постигнатите резултати. Но, од МВР велат дека не може да соопштат за кои натпревари се работи затоа што се уште се во фаза на истрага.

Се вчитува...