Кристијано Роналдо предизвика хаос во португалската репрезентација и денеска одлучи да го напушти националниот тим.
Роналдо се налути бидејќи на дуелот со Норвешка беше ставен на клупата за резервни играчи, по што потоа одби да тренира со репрезентацијата.
Во обид да ја смири ситуацијата, претседателот на фудбалската федерација на Португалија замина за Копенхаген, но и тој не успеа да донесе мир.
Откако селекторот Жорге Жесус на денешната прес-конфенренција му порача дека не никој нема загарантирано место во првиот тим, Кристијано Роналдо се налути и ја напушти репрезентацијата.
„Откако ја проследив прес-конференцијата на селекторот и по разговорот со претседателот на Федерацијата, донесов одлука да ја напуштам репрезентацијата. Наскоро ќе ја кажам вистината и причините за моето напуштање на репрезентацијата. Сега е време да и посакам на Португалија и на моите соиграчи, многу среќа“, се огласи Роналдо преку својот профил на Инстаграм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
