Скандал: Суарез го лажирал испитот по италијански јазик

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез минатата седмица полагаше тест за италијански јазик како би можел да добие пасош од оваа држава. Сопругата на Уругваецот е од Италија па поради тоа имал можност полесно да добие пасош. Уругваецот се поврзуваше со трансфер во Јувентус и поради тоа најмногу замина на тестирање бидејќи од „старата дама“ сакаа да биде регистриран како европски фудбалер, а не странец.

По тестирањето е објавено дека Суарез го положил испитот Б1 за познавање на италијанскиот јазик, но од Јувентус се откажале бидејќи процедурата околу добивање на пасош трае шест месеци. Меѓутоа, италијанските медиуми стигнаа до прилично скандалозни информации. Имено, тие пишуваат дека имало многу неправилности околу тестирањето на Луис Суарез. Тој претходно ги добил сите прашања за тестот, на кој мамел. Истрагата ќе продолжи, но како стојат работите неговиот тест ќе биде поништен, што значи дека сигурно нема да почне процедура за добивање на италијански пасош.

 

Се вчитува...