Скандал во Англија: Фудбалер на Вест Хем шутира мачка како топка (ВИДЕО)

Францускиот фудбалер и член на Вест Хем, Курт Зума стана тема број 1 во британските медиуми поради видеото кое беше поставено на социјалните мрежи. На истото се гледа како дефанзивецот шутира мачка како да е топка. Навивачите останаа згрозени како фудбалерот се однесува кон животните.

На снимката се гледа како Зума ја шутира мачката, а потоа ја брка за да удри, а неговиот брат Јоан снима и се смее.

Освојувачот на ЛШ лани со Челси, покажа бруталност кон куќниот миленик, па навивачите бараа итна реакција. Во меѓувреме Зума се извини за овој инцидент, а полицијата објави дека нема да покрене истрага против фудбалерот на Вест Хем.

Се вчитува...