Скандал во Генк поради Ориги

Навивачите на Ливерпул предизвикаа скандал во Генк со транспарент на нивниот напаѓач Дивок Ориги. Пред почетокот на синоќешниот дуел од Лигата на шампионите се појавија со експлицитни фотографии на голиот Ориги со непристојни гестикулации.

Редарите веднаш реагираа па транспарентот беше одземен од навивачите. Но, англиските медиуми пренесуваат дека од раководството на Ливерпул биле бесни на навивачите поради фактот дека клубот може да се соочи и со сериозни казни од УЕФА.

Од Ливерпул веднаш го осудија потегот на навивачите.

„Ливерпул го осудува навредливиот транспарент прикажан на дел од нашата трибина пред натпреварот“ – истакна портпаролот на „црвените“.

Се вчитува...