Скандал во Хрватска: Фудбалер кон судијка – „Дојди да те е..ме!“

Вистински скандал во хрватскиот фудбал по мечот од 2. коло во Втората хрватска лига меѓу Солин и Сесвете. Дуелот во близина на Сплит заврши без победник (1-1), но на крајот повеќе се зборува за скандалот во кој беа вклучени четвртата судијка Ивана Мартинчиќ и фудбалерот на домашните Влатко Шимунец.

По завршувањето на средбата во тунелот кон соблекувалните, Шимунец и се обратил на судијката со зборовите: „Дојди да те е..ме“. Бидејќи се се случило многу брзо, фудбалерот не добил никаква опомена или казна на самиот натпревар, но доколку се докажат тврдењата на Ивана јасно е дека за овој сексистички напад го чека казна од ХНС.

Од Солин се уште не коментираат за скандалот, а изјава за медиумите одбил и самиот фудбалер.

Се вчитува...