Скандал во Индијан Велс: Навивач ја навредуваше Осака, таа расплакана го напушти теренот

Наоми Осака загуби од Вероника Кудерметова со 6-0, 6-4 на турнирот во Индијан Велс, меч на кој Осака во неколку ситуации не можеше да ги сокрие солзите откако уште во раната фаза на мечот беше навредувана од неодговорен гледач на трибините.

Инцидентот се случи на самиот почеток од мечот, при водство на Кудерметова од 1-0 во гејмови, по што Осака се расплака, барајќи од судијата навивачот да биде отстранет од трибините. Тоа не се случи, па Јапонката остана видно вознемирана, губејќи го првиот сет со максимални 6-0, а потоа и мечот.

„И порано сум слушала слични извици од трибините, но не ме вознемириле како денеска. Знам дека тоа се случувало и на други врвни тенисерки на овој турнир, на Серена и на Венус. Ако не сте виделе, треба да погледнете. Не знам зошто, навредите силно допреа до мене и не можев да се фокусирам на мечот“, изјави Осака по поразот.

Се вчитува...