Скандал во Италија: На момче среде натпревар му порачуваа „да умре од коронавирус“

Крајно непријатен настан ја тресе фудбалска Италија поради несакан инцидент на натпревар во млади категории во предградието на Милано.

13-годишниот фудбалер на Идростар, Франческо Лин, кој е по потекло од Кина, објасни зошто се одлучил да го напушти натпревари десет минути пред неговиот крај.

„Никогаш не сум доживеал расистички навреди. Но не можам да се помирам со тоа дека противничките фудбалери му порачуваа дека посакуваат да ‘умрам од коронавирусот како и сељаците на кинеските пазари’“ – раскажува низ солзи Лин, кој им се извини на соиграчите што морал да ги остави со десет фудбалери.

Тоа што е шокантно за сите во клубот Идростар е фактот дека и судијата и тренерот на противничката екипа слушнаа што се случува на терен, но никој не реагирал.

„Ниту судијата, ниту тренерот на Аусонија, човек кој учи на спорт деца од 13-14 години, не презедоа ништо. Ни за време на натпреварот, ниту по крајот на мечот. Ниту едно ‘жал ни е’, ниту извинување. Тоа е таа рамнодушност која е страшна закана за денешниот свет. Застрашувачко е молчењето пред сите негативности кои ни се случуваат во општеството. Ние од сега уште пожестоко ќе се бориме против страдањето на поединци“ – истакнаа од ФК Идростар.

А, 13-годишниот Лин порачува:

„Ние сме во 2020 година а уште постојат луѓе, и мои врсници, кои навредуваат само затоа што си поразличен од нив. Се навредуваат оние со темна кожа, се навредуваат Кинезите, се навредуваат послабите… Не можам тоа да го разберам, и морав да реагирам на некаков начин“ – вели Франческо Лин.

 

Се вчитува...