Скандал во Јужна Кореја: Ракометари избркани од репрезентацијата бидејќи пиеле пиво

Репрезентацијата на Јужна Кореја се подготвува за настап на предолимписките квалификации, но ќе биде сериозно ослабена поради суспензијата на дури осум ракометари. Причината за наши рамки е бизарна – репрезентативците се отстранети од националниот тим бидејќи пиеле пиво за време на подготовките.

Изречената санкција е двомесечна суспензија за сите ракометари, по што тие кон крајот на годинава ќе можат повторно да конкурираат за место во националниот тим.

Целиот инцидент во земјата е окарактеризиран како мегаскандал, селекторот Чо Јонг Шин ја презел одговорноста за инцидентот и си поднел оставка, по што репрезентацијата на предолимпискиот турнир ќе ја води неговиот помошник. Ривали на Јужна Кореја на овој турнир, што ќе стартува на 17 октомври, ќе бидат Саудиска Арабија, Бахраин, Кувајт, Казахстан, Кина, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Се вчитува...