Скандал во Кавадарци по поразот на Тиквеш: Исечени стативите на Градскиот стадион

Скандалозен вандалски чин на Градскиот стадион во Кавадарци. Исечени се стативите на стадионот, најверојатно како израз на незадоволство по лошите резултати на ГФК Тиквеш во последните две кола. Случајот е пријавен во полиција, а во тек е истрага да се најдат сторителите.

Тиквеш, кој има прволигашки амбиции, минатото коло на домашен терен загуби од Кожув со 0-1. Ова создаде големи турбуленции во клубот, претседателот Масларков и тренерот Димитковски понудија оставки, но не раководството на клубот не ги прифати.

Се вчитува...