Скандал во Кина: Словенечки тренер фати за гуша навивач (ВИДЕО)

Словенечкиот тренер Меми Бечировиќ е исфрлен од натпревар од кинеското првенство поради инцидент со еден навивач.

Бечировиќ на мечот меѓу својот Џангсу и Лајонинг наседна на провокација на еден од навивачите и на пет секунди до крајот на третата четвртина отиде да се пресмета со него. Навивачот влезе во конфликт со поранешната НБА ѕвезда, Ленс Стивенсон, но и со сопругата на Бечировиќ. Поради тоа стратегот наседна на провокацијата и тргна кон навивачот.

 

Се вчитува...