Скандал во Лас Вегас – Тепачка на тенисерки на ИТФ турнир (ВИДЕО)

Малку недостигаше дуелот меѓу Канаѓанката Катерина Себов и Американката Алисија Паркс во осминафиналето на турнирот во Лас Вегас да заврши со тепачка. Имено, Канаѓанката триумфираше со 2-0 (6-0 и 7-6), а по крајот на мечот следеше драма.

Се кулминираше по поздравувањето по мечот. Наводно, Канаѓанката силно ја стиснала раката на противничката, по што Американката бурно реагирала. Ја нападнала противничката, а конфликтот не успеал да го смири ниту главниот судија. Организаторите успеале да го смират инцидентот, а се очекува ИТФ во следните денови да подигне дисциплинска постапка против тенисерките.

 

Се вчитува...