Скандал во Сенегал: Докторот на репрезентацијата на СП бил гинеколог!

Скандал со репрезентацијата на Сенегал за време на Светското првенство. Се откри дека главниот доктор на националниот тим по професија бил гинеколог.

Оваа вест ја откри претседателот на сенегалската фудбалска федерација.

„Нашиот лекар во нашиот персонал нема потребна специјализација за работа со нашите играчи. Д-р Фериор е гинеколог по специјалност, а јас за ова дознав многу доцна“, изјави Абдулае Фол.

Тој исто така додаде дека и играчите не му верувале и не сакале да работат со него.

„Судејќи според повратните информации, играчите не ме верувале доволно за да работат со него. Моравме да најдеме докажан доктор за да ги увери затоа што здравјето е пред се“, изјави тој.

Сенегал беше елиминиран во 1/8 финалето од Белгија со 3-2.

Се вчитува...