Скандал во Шпанија: На Барселона и се заканува исфрлање од Ла Лига и од Европа!

Скандал ја тресе цела Шпанија. Обвинителството во Барселона покрена официјално обвинение против Барселона и нејзините поранешни претседатели Жозеп Бартомеу и Сандро Росел поради корупција.

На товар им се става дека од 2001 до 2018, Хозе Марија Енрикез Негреиро, поранешниот потпретседател на судиската комисија во Шпанија, на неговата компанија „Каталонците“ уплатиле 8,4 милиони евра. Негреира за возврат делегирал судии кои одговарале на Барселона и гарантирал дека ќе судат за нив.

На првото рочиште во Барселона, клубот е обвинет за корупција, фалсификување на службени документи и кршење на законите.

„Барселона остварила и одржувала строг договор со Негреиро по кој тој во функција на потпретседател на судиската комисија во замена а парите постапувал за Барселона да има повластен статус од судиите“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Сите шпански медиуми го нарекоа ова како голем скандал, а на Барселона и се заканува исфрлање од шпанското првенство, како и исфрлање од европските купови.

Жоан Лапорта, кој беше претседател од 2003 до 2010 година, не се товари а криминал. И покрај тоа, Тебас, првиот човек на Ла Лига побара оставка од Лапорта.

Се вчитува...