Скандал во Шпанија: Ризикува ли Барса пораз на „Ел Класико“ со службени 3-0!?

Исклучително бурно е во Шпанија пред вечерашното „Ел Класико“ кое се игра од 20:45 часот. Реал во најголемото фудбалско дерби на светот влегува со три бода повеќе од второпласираната Барселона на дуелот во Мадрид кој може да ја одлучи шампионската трка.

Освен трите бода, за Реал голема предност е што и Бразилецот Нејмар е казнет со суспензија за денешниот натпревар. Нејмар доби три меча суспензија откако иронично му аплаудираше на судијата по исклучувањето при поразот на Барса од Малага.

naslovnaНо, Барселона се жалеше и бараше намалување на казната како нивната ѕвезда би добила можност да игра против Реал. Но, надлежната комисија на Шпанскиот фудбалски сојуз сето тоа го одби. Барса не застана жалејќи се на Арбитражниот суд кој требаше да се состане во текот на вчерашниот ден. Но, Арбитражниот суд не се состанал затоа што не можел да пронајде двајца од своите членови. Притоа од судот соопштија и дека Барселона доцна се жалела, па тие немале доволно време да организираат состанок.

Да биде крајно интересно пред „Ел Класико“, сега постои сериозно недоразбирање во шпанската фудбалска јавност дали Нејмар може или не да игра. Судот порача дека Нејмар нема право на настап, но Каталонците вчера се појавија со соопштение во кое наведуваат дека чекаат само официјална одлука од Судот. Во спротивно, ако ја нема, ќе сметаат дека Нејмар има право да игра. Дали на тој начин Барселона ризикува да го загуби дербито на „зелена маса“ со 3-0!?

Луис Енрике подготвува состав со Нејмар

Дополнителен „оган“ на целата ситуација подгреа и Луис Енрике кој на официјалната прес-конференција соопшти дека подготвува состав со Нејмар од првата минута во него, иако тој ја разгледувал и ситуацијата да се игра без Нејмар. Бразилецот отпатува со соиграчите во Мадрид, а денеска до последен момент ќе се чека и известување од Судот!?

Шпанските медиуми потврдуваат дека ваква апсурдна ситуација досега немало во шпанскиот фудбал, и тоа пред најголемата дерби пресметка во светот. А, сето тоа по вина на Шпанската федерација и Арбитражниот суд!?

Се вчитува...