Скандалозен потег на Дончиќ, го чека голема казна од НБА (ВИДЕО)

Балканските ѕвезди во НБА лигата и синоќа беа во центарот на вниманието во најсилната светска кошаркарска лига. Никола Јокиќ го водеше Денвер до триумф над Вашингтон од 118-104 со 31 поен, 12 скока и седум асистенции, па така го сруши Лука Дончиќ кој досега ја предводеша лигата по натпревари со ефект од 30/10/5 во најважните категории.

Но, Лука Дончиќ во реприза на минатогодишното финале на Западот во драматичен пораз на Далас од актуелниот шампион Голден стејт (127-125) оствари потфат, и тоа повреден. Беше најдобар стрелец и асистент на мечот, иако сето тоа го засени неговиот потег на самиот крај. На 1,7 секунди до крајот при водство на Вориорс од 125-122 со акција под кошот во обид за поени и контакт со Дрејмонд Грин како би извлеков прекршок и со дополнително фрлање да го израмни резултатот. Но, за малку промаши зицер, а освен што топката не сакаше во кошот, остана и без прекршок.

Дончиќ поради тоа многу се налути и кон записничката маса изведе гестикулација како до брои пари. Со тоа јасно алудираше, покажувајќи дека судиите се платени против нив. Па, на Дончиќ сигурно му се заканува казна поради сето тоа.

А, Словенецот претходно запиша историски потфат за Далас завршувајќи го мечот со 30 поени. За Дончиќ тоа беше 41-от натпревар сезонава со најмалку 30 поени, со што стана првиот играч на Далас на кого тоа му успеало во историјата.

Стеф Кари го водеше Голден стејт до победата со 20 поени и 13 асистенции, меѓу кои и онаа на Дрејмонд Грин за клучната тројка на крајот.

Се вчитува...