Скандалозна приказна на Кјелини – „Мртов пијан доаѓаше на тренинг и пак беше подобар од сите“

Фудбалерот на Јувентус, Џорџо Киелини беше на остра критика минатите неколку дена поради неговиот конфликт со Фелипе Мело и Марио Балотели. Неговата автобиографија донесе многу скандалозни приказни за неговите поранешни соиграчи. На „тапет“ во книгата е и Чилеанецот Артуро Видал кој во моментов е член на Барселона.

„Видал често излегуваше и кога ќе се вратеше беше мртов пијан. Алкохолот му беше слаба страна. Знаеше неколку пати годишно да не се појави на тренинг. Се сеќавам на една претсезона. Бевме во Мајами. Тргнавме на тренинг, а него нигде го немаше. Моравме со сила да го дигнеме од кревет. Конте едвај чекаше да го избрка, како би покажал пример. Сепак, Артуро во полупијана состојба на тренинг беше подобар од сите нас. Не ја гледаше топката, но не оставаше сите 20 метри зад него. Иако не е добар пример, тој има победнички менталитет“, изјави Киелини. 

Артуро Видал дел од Јувентус беше во периодот од 2011 до 2015 година. Четири пати ја освојуваше Серија А, еднаш беше шампион во „Копа Италија“, а еднаш се радуваше и на трофејот во Суперкупот на Италија.

Се вчитува...