Скандалозно изживување на државна телевизија: Стоилов за МТВ2 е „играчот со број 5“ (ВИДЕО)

Срамно изживување на државна телевизија врз македонски репрезентативец во моментите на спортско славје по првата победа на Македонија на Светското ракометно првенство во Германија и во Данска.

За време на директниот ТВ пренос од натпреварот меѓу Македонија и Јапонија во Минхен на вториот канал на Македонската радио телевизија, уредникот на спортската редакција на албански јазик во МТВ, Мустафа Адеми се дрзна крајно непрофесионално да се изживува врз македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов не изговарајќи го во ниту еден момент за време на својот коментар неговото име. Но, постојано нарекувајќи го „играчот со број пет“.

Како што пренесува „Инфоспорт“ причина за ваквата реакција на Адеми било заминувањето на Стоилов од неодмнешниот избор на „Спортист на Македонија 2018“ поради обраќање на албански јазик на еден од наградените.

Но, повеќе е од јасно е дека еден таков акт на телевизија водена од државни пари, за време на пренос на репрезентација на сопствената земја, е во најмала рака скандалозен чин, без разлика дали самоволен или со колективна одлука, кој секако до крај се очекува да го испитаат и санкционираат челниците на МРТ. Затоа што ниту има ниту може да постои, без разлика на причините, било какво оправдување за една таква реакција кон македонски претставник на интернационалната сцена.

ВИДЕО: www.infosport.mk

Се вчитува...