Кошаркарската репрезентација на Македонија доби одлична група во претквалификациите за Евробаскет 2025. Словачка ни беше прв ривал доделен со полудиригираната ждрепка, а избраниците на Драган Бајиќ на денешното извлекување на групите ги добијаДанска и Норвешка како дополнителни противници во овој цилус.
Согласно пропозициите, пласман во главните квалификации ќе обезбеди само првопласираната селекција во групата, додека останатите би морале да играат уште една квалификациска рунда
Со оглед на квалитетот на противниците, Македонија има реални шанси за пласман на првото место, но пресудно сепак ќе биде во каков состав ќе настапи нашата национална селекција, дали оние кои досега од (не)оправдани причини не беа на располагање на Бајиќ овојпат ќе се појават на репрезентативниот собир, но и дали федерацијата навреме ќе го финишира процесот за издавање на пасош на Американецот Јоги Фарел.
Почетокот на овој претквалификациски циклус е веќе во втората половина од месец август, кога ќе се одиграат два натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА