Скариоло: Ова е најдоброто првенство на Руди Фернандез

Капитенот на шпанската репрезентација Руди Фернандез има 37 години, но и понатаму е од голема помош за својот тим. Асот на Реал Мадрид одигра клучна улога во победата на неговиот тим над Финска во четвртфиналето на Евробаскетот.

Тренерот Серџо Скариоло не штедеше пофалби за крилниот напаѓач на Реал Мадрид.

„Многу луѓе ме прашуваат дали Руди ќе се повлече од репрезентацијата по ова првенство, а јас им велам дека не знам бидејќи Руди го игра својот најдобар шампионат досега во националниот тим. Зошто би застанал? Ако некој сака да игра на сигурно, би прифатил да се повлече, но тоа не е Руди. Очекувам да продолжи да игра за репрезентацијата и да ужива во тоа, под услов да е здрав. Ова сега е ново искуство – тој досега немал ваква улога во ниту еден тим“, изјави Скариоло. 

Шпанија во полуфиналето ќе игра против домаќинот Германија.

Се вчитува...