Скаути на Арсенал ќе го следат мечот Шкупи – Вардар

Еден од најголемите европски фудбалски клубови, лондонски Арсенал преку свои претставници ќе следи дел од настапите на млади македонски репрезентативци во домашниот шампионат.

Веќе на пресметката меѓу Шкупи и Вардар на Чаир престојниов викенд, на 23. април, најавено е присуството на еден од главните скаути на Арсенал, Роберт Бенет, задолжен за „лов на млади таленти“.

Информацијата за присуството на скаути на Арсенал во Скопје ја потврдува и портпаролот на Шкупи, Хајруш Мани, потенцирајќи дека во канцеларијата на прволигашот од Чаир и официјално е пристигнато барање за присуство на нивни претставници на неделниот натпревар против македонскиот шампион Вардар. Согласно најавите, Бенет потоа ќе следи уште два натпревари од македонскиот шампионат.

По пласманот на младата репрезентација на Македонија на Европското првенство во Полска, од поодамна за европскиот фудбалски пазар интересни се вардаровите репрезентативци Дарко Велковски, Игор Алексовски, Бесир Демири, Бобан Николов…, но и младиот фудбалер на Шкупи, 20-годишниот Бесир Исени.

 

Се вчитува...