Скендери замина од Ренова, веднаш потпиша за Гостивар

Второлигашот Гостивар го промовираше најновото засилување за вториот дел од шампионатот, досегашниот фудбалер на Ренова, Љавдрим Скендери.

26-годишниот крилен офанзивец откако пред само неколку денови се раздели со Ренова веднаш се одлучи за преселба во редовите на Гостивар.

Претходно во својата кариера, Скендери, кој има и репрезентативни настапи, беше дел и од косовскиот прволигаш Феризај.

Се вчитува...