Сколари се врати во Бразил и го презеде Палмеирас

Бразилскиот стратег Луис Фелипе Сколари ја напушти Кина и се врати во родната земја, каде во наредниот период ќе биде тренер на Палмеирас. Тој потпиша двегодишен договор и и третпат се враќа во добро познатата средина, каде работеше и од 1997 до 2000 година и до 2010 до 2012 година. Поранешниот бразилски селектор изминатите две години беше на кормилото на кинескиот Гвангжу Евергранде.

69-годишниот тренер истакна дека ова можеби ќе биде и неговиот последен фудбалски предизвик.

„На крајот, сите сакаат да се вратат дома. Јас се враќам во Палмеирас каде и во минатото имав многу убави моменти, и се надевам дека фудбалерите ќе му приредат нови на стариот човек“, изјави Луис Фелипе Сколари.

Се вчитува...