Сколс: Уште не можам да поверувам, навистина не ми е јасно како Јунајтед го избра Рангник!?

Пол Сколс очекувано не штедел критики на сметка на Манчестер Јунајтед по елиминацијата во Лигата на шампионите, а уште еднаш се навратил на решението Ралф Рангник да биде привремен менаџер на „црвените ѓаволи“.

Германецот го замени Оле Гунар Солскјер, но Јунајтед и сезонава остана без можност да се бори за било каков трофеј.

„Уште не можам да поверувам … навистина не ми е јасно како Јунајтед го избра Рангник за менаџер овие шест месеци. Ангажирањето соодветен тренер е најважната работа за оваа екипа, во која има многу талентирани фудбалери. Не можеме да кажеме дека Јунајтед има слаб тим, мислам дека му недостасува идеја и структура, па затоа ако клубот сака да конкурира за трофеи мора да доведе соодветен тренер и да му го даде потребното време“, изјавил Сколс.

Се вчитува...