Скопје е градот домаќин на Македонија – Грција

Скопје ќе биде градот-домаќин на последниот квалификациски натпревар за ЕП 2020 во ракомет во кој нашата репрезентација ќе ја пречека Грција. Организациските проблеми со кои куќата на ракометот се соочи во Битола за дуелот со Турција беше причина за враќање на македонската репрезентација назад во главниот град, па СЦ „Борис Трајковски“ покрај априлскиот дуел со Исланд ќе биде домаќин и на последниот меч на домашен терен против јужниот сосед.

Ова денеска беше потврдено и на официјалната веб-страница на ЕХФ, натпреварот меѓу Македонија и Грција ќе се игра на 16 јуни во 2019 година. На четири кола до крајот јасно е дека има простор за бројни „математики“, но лесно може да се случи овој натпревар да биде и решавачки за пласманот на „црвено-жолтите“ на претстојниот европски шампионат.

Македонија својот настап во квалификациите за ЕП 2020 го продолжува во април, со гостување во Рејкјавик против Исланд на 10 април, за четири дена подоцна да го пречекаме истиот ривал во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 20 часот.

Се вчитува...