Престојниов викенд на падините на Водно ќе се одржи најекстремниот настан за 2025 година во Македонија, во организација на велосипедскиот клуб „Оксижен“ и Велосипедската федерација на Македонија,
Повеќе од 60 натпреварувачи од Македонија, Грција, Косово, Србија ќе се натпреваруваат во спуст со велосипеди и ќе се тркаат преку повеќе метарски скокови, кривини и препреки со карпи и камења. Стартот ќе биде на врвот на Водно, веднаш до жичарата, додека целта е во близина на средно Водно.
Сабота (10 мај) се официјалните тренинг возења, додека в недела (11 мај) од 10 до 16 часот се квалификациите и главна трка.
„Ја повикуваме публиката да дојде и ужива во овој возбудлив настан преполн со забава, адреналин и атркации“ – порачуваат организаторите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА