Скоти Пипен продолжува да ги претставува објавените мемоари низ кои продолжува и пресметката со Мајкл Џордан. Двојката која беше синоним за успехот на Чикаго булс, очигледно воопшто не изгледа така поврзано надвор од теренот.
Пипен е во постојана офанзива околу промоцијата на своите мемоари, на тој начин што го коментира и документарниот филм „Последниот танц“ каде во прв план е единствено Мајкл Џордан. Многумина од таа екипа на Чикаго веќе негативно зборуваа за тој документарец, а на Пипен посебно му смета како е тој претставен, но и тоа дека Џордан за неговото емитување доби 10 милиони долари, а останатите не беа платени.
Во своите мемоари Пипен нагласува дека ситуацијата во Чикаго воопшто не била таква каква што во голема мера е претставена во документарецот.
„Мајкл во документарецот се обиде да ја оправда ситуацијата во која постојано ги навредуваше соиграчите пред целиот тим. Мислеше дека мора да ги зацврсти на тој начин за да бидат успешни. Но јас се згрозив кога повторно го видов сето тоа, како што се шокирав и тогаш“ – вели Пипен, и дополнува:
„Мајкл воошто не е во право. Не освоивме шест титули затоа што тој така се однесуваше кон момците, туку освоивме затоа што игравме кошарка. А пријателството меѓу нас останатите ја држеше таа хемија, а не чувството или благодарноста дека сме во ист тим со Мајкл Џордан. Бев многу подобар соиграч од што беше тој. Прашајте било кого кој играл со нас двајцата. Секогаш бев со нив за да ги охрабрам или пофала, а посебно кога ќе видев дека Мајкл без некоја причина ги навредуваше. Им помагав да престанат да се сомневаат во себе и да бидат подобри на терен“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА