Скратената сезона донесе ужасен финансиски биланс за НБА клубовите

Клубовите од НБА лигата досега претрпеле штета од неверојатни 700 милиони долари поради пандемијата на коронавирусот која предизвика прекин на сезоната. Шампионатот беше  беше завршен во „меур“ во Орландо без присуство на навивачи. Поради пандемијата откажани беа дури 258 натпревари и клубовите кои не проадаваа влезници претрпеа огромни штети.

Најмногу на удар во загубата од 694 милиони долари се Лос Анџелес Лејкерс, Њујорк, Голден Стејт, Хјустон и Бостон. Голден Стејт има загуба од шест милиони долари по меч, за „лејкерс“ загубата е 5,6 милиони, а за „никс“ – 5,2 милиони.

Поради тоа што претходната сезона заврши многу подоцна од предвиденото, следната сезона не може да почне пред јануари и со тоа ќе има веќе втор шампионат кој ќе биде скратен и тоа ќе направи дополнителни загуби. Се предвидува дека од двете нецелосни зеони НБА клубовите ќе бидат во загуба од повеќе од една милијарда долари.

Се вчитува...