Скромен настап на македонските нордијци во квалификациите на спринт трката на СП во крос кантри

Македонските нордијци Ставре Јада и Никола Петковски настапија во квалификациите за спринт трката на Светското првенство во нордиско скијање. Јада на крајот заврши како 127, додека Петровски го зазема 155. место од вкупно 156 натпреварувачи кои ја завршија трката.

Ставре Јада 1.5 километарската патека ја заврши со задоцнување од 1:05.02 минута зад времето на најдобриот по квалификациите и прв фаворит за освојување на златниот медал, Норвежанецот, Јохан Хосфлот Клаебо. Петковски кој заврши како 156 доцнеше три минути зад времето на најдобриот

Се вчитува...