Скромен учинок на Војдан во поразот на Данкерк од Булоњ Левалои

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски се претопи во сивилото на неговиот Данкерк во убедлиот пораз од Булоњ Левалои од 88-63. Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, што доведе до тоа на пауза да се замине со нерешен резултат (36-36). Потопот на гостите се случи во третата четвртина која Војдан и друштвото ја изгубија со убедливи 30-14, а до крајот домаќините успеваа да го исконтролираат резултато и да стигнат до рутински триумф од 88-63.

Војдан Стојановски натпреварот го заврши со само три поени, со шут од игра 1/9. Данкерк останува во опасната зона со победа помалку од Роан кој е на првата позиција која и следната сезона води во елитното француско кошаркарско друштво.

Се вчитува...