Родри одржа час по фудбал и во големото финале, диригирајќи со средниот ред на Шпанија што не им остави на Аргентинците ниту педа простор за да покажат за што се способни.
Шпанецот одигра мундијал на највисоко ниво, докажувајќи дека се уште е дел од самиот фудбалски крем како што тоа беше пред повредата на коленото поради која пропушти голем дел од ланската сезона.
„Среќен сум, секако сум пресреќен. Се надевам дека мојата приказна ќе биде користена од помладите како пример. Дури и кога кариерата ќе почне да ти оди во надолна линија. Секогаш можеш да се вратиш. Само треба да работиш напорно“, истакна Родри по финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
