Скубе: Вардар го заслужи овој фајналфор

Сташ Скубе беше еден од најмотивираните за двомечот со Пик Сегед, со оглед на фактот дека словенечкиот среден бек беше избркан од клубот минатото лето. Тоа се покажа како одлична ситуација за Вардар, кој успеа да го убеди Скубе да пристигна во Скопје, а Словенецот експресно се наметна како еден од лидерите на „црвено-црните“.

Очекувано, тој не го криеше задоволството по големиот успех против поранешниот клуб и пласманот на завршниот турнир во Келн.

„Во првото полувреме игравме многу лошо, не знаевме што да играме во нападот, а не бевме добри ниту во одбраната. Јасно ни беше дека мораме да играме многу подобро во второто полуреме, заигравме многу подобро на тежок гостински терен и успеавме да ја намалиме негативата на противникот. Со она што го прикажавме на овие две средби, дефинитивно заслуживме да бидеме дел од овој фајналфор турнир“ – изјави Скубе на прес-конференцијата по мечот.

Се вчитува...