Славија издржа на „Камп ноу“, Лајпциг ја освои Русија

Барселона продолжува со игрите топло-ладно откако каталонскиот гигант вечерва се посрамоти на домашен терен против Славија Прага, ремизирајќи 0-0 против големиот аутсајдер. Чесите одиграа одличен пресинг, не им дозволија на каталонците да го наметнат вообичаеното темпо, а оние мал број шанси што беа создадени голманот на Славија успеа да ги одбрани.

Забележливо беше отсуството на Луис Суарез, со оглед на фактот дека триото Меси – Дембеле – Гризман во нападот воопшто не функционираше.

Лајпциг направи огромен чекор напред кон осминафиналето откако на гостински терен го совлада Зенит со 0-2. Деме го отвори резултатот пред самиот крај на првото полувреме, а Сабицер во вториот дел ја осигура победата на германскиот клуб.

Се вчитува...