Славија Софија сака да го врати Дарко Тасевски во бугарскиот фудбал

Македонскиот фудбалски интернационалец Дарко Тасевски доби понуда да се врати во бугарскиот фудбал. Тој во минатото го носеше дресот на Левски, а сега за  него е заинтересиран бугарскиот прволигаш Славија Софија. По 20 одиграни кола, Славија Софија се наоѓа на десеттата позиција на табелата во бугарската фудбалска елита.

За Тасевски интерес покажуваат и два македонски прволигаши, Академија Пандев и Беласица. Се чини дека најблиску е да им се приклучи на „пандевци“, кои му чуваат и директорско место во клубот по завршување на кариерата.

Се вчитува...